СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100.000 гласови од изборите до денес

од Nikola Popovski
94 прегледи

СДСМ обвинува дека на новата Влада ѝ се случува фијаско и дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласови од изборите до денес.

-Под власта на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на оваа држава ќе живеат во лоши економски услови со ниски плати, во земја која е под целосно подаништво на друга држава, земја задолжена до гуша со пари од сомнително потекло.

Денес Македонија е изгорена земја која изгуби 2% од територијата заради неспособноста на Мицкоски да се справи со пожарите. Под раководство на ВМРО-ДПМНЕ државата нема стратешки правец, со зацементирани и изгубени шанси за евроинтеграции, но и без јасна алтеренатива, стои меѓу другото во соопштението на најголемата опозициска партија, додавајќи дека „секоја политика од изборите до денес на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на богатење на партијата, луксизирање и скапи подароци“.

Ваквиот став следува откако премиерот изјави дека доколку периодов има избори, неговата партија би имала околу 450.000, а СДСМ би паднал под 125.000 гласови.

-Барем еднаш неделно испитуваме атрибути што ни се важни. Емпириката во политиката е многу важна, за да знаете дали тоа што го работите го работите вистински или не. Нас нѐ плаќаат граѓаните и нивното мислење ни е најважно.Врз основа на тие анкети и бројки, ние имаме пораст. Доколку сега би се случиле повторно избори, не би се изненадил со број на гласови како коалиција од 450 илјади. Значи, од оние 437 илјади, не би се изненадил ако би отишле на 450 илјади. Мислам дека СДСМ, врз основа на овие параметри, би бил под 125 илјади гласови, а Левица и ЗНАМ би биле тука некаде плус-минус 3 до 5 илјади гласа. Во албанскиот блок би била изедначена трката, по стотина – 110 илјади гласови би добиле ДУИ и ВЛЕН, рекол Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“.

Слични содржини