Меџити и Курти посакуваат зајакнување на соработката меѓу С. Македонија и Косово

од Nikola Popovski
42 прегледи

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН и вицепремиер на Владата, Изет Меџити, денеска во рамки на официјалната посета на Скопје со косовскиот премиер Албин Курти разговарашле за важни прашања за зајакнување на соработката меѓу Скопје и Приштина.

Меџити на „Фејсбук“ посочи дека со зајакнување на соработката, Косово и Северна Македонија сакаат да ги подобрат своите позиции на регионално и меѓународно ниво.

„Со особено задоволство го пречекавме премиерот на Косово, Албин Курти, во работна, плодна, конструктивна, но и братска посета. Разговаравме за важни прашања за зајакнување на соработката меѓу нашите две земји, со посебен осврт на нашите силни врски, кои имаме намера уште повеќе да ги зајакнеме. Оваа средба означува и важен чекор за заедничката иднина на регионот, демонстрирајќи блиска и успешна соработка меѓу Северна Македонија и Косово“, навел министерот за животна средина.

Слични содржини