90
Патот од Солун кон Евзони е отворен пред 20-тина минути, а во спротивен правец е се уште затворен за сообраќај поради пожар, соопшти грчката полиција.
Пожарот, според локалните грчки медиуми е локализиран.
Претпладнето се запалило возило на автопатот, и пожарот се проширил на сува трева, па затоа полицијата го затвори сообраќајот и во двата правца пред околу три часа.
Тоа предизвика застој на граничниот премин Евзони-Богородица, а грчката полиција ги пренасочуваше возилата кон преминот Дојран каде што се формира долга колона возила.