Цана: Изјавата на Курти во Скопје е тежок удар за Косово

од Nikola Popovski
2,K прегледи

Поранешниот косовски амбасадор, Едон Цана вели дека е шокиран од изјавата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје дека инцидентот со Вјоса Османи не е провокација на македонските власти и дека тоа е тежок удар за Косово.

„Малку сум шокиран од реакцијата на премиерот Курти и не би очекувал ништо поразлично од Мицкоски, бидејќи неговата претседателка, која тој ја поддржува, ја доведе во прашање државноста на Косово. Тоа е тежок удар за претседателката на Косово, од страна на премиерот Курти, од лични причини. Но, тој го погоди Косово со напад на претседателската функција. Османи не е поединец, туку највисока државна институција и оваа изјава е штетна за Косово“, изјавил Цана за „РТВ Дукаѓини“.

Врз основа на оваа изјава, тврди Цана, се подразбира дека за инцидентот е виновна Османи.

Тој е убеден дека посетата на Курти на Скопје не требало да се случи пред да се расветли инцидентот.

Цана додал дека тамошната претседателка Османи е виновна што по инцидентот го продолжила патот кон Косово.

„Првата грешка е продолжување на патувањето. Јас би го повлекол целиот персонал и не би го продолжил летот. Би се вратил на Косово и би ја разјаснил оваа работа, затоа што нападот врз претседателството е напад врз Косово“, смета Цана.

Според него, легитимно е тоа што Османи не го дала телефонот на, како што вели, проверка, бидејќи содржи и тајни податоци.

Слични содржини