Трипуновски оствари средба со турска компанија која е заинтересирана за инвестиција во Македонија

од Nikola Popovski
46 прегледи

Вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски остварил средба со претставници на компанија којашто произведува и преработува лешник и кондиторски производи.

Се работи за компанија којашто има годишен обрт од над 40 милиони долари и извезува свои производи во 30 земји во светот.

На средбата се зборувало за големиот интерес за инвестиција во нашата земја.

Турските бизнисмени ја претставиле својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат фабрика за кондиторски производи.

Се разговарало за бенефициите, потенцијалот, но и за фактичката состојба за производство и продажба на лешник, откупна цена и соработка со македонските производители на лешник.

-Отвораме нови пазари за македонските земјоделци, заедно до стабилно и зголемено производство- се вели во соопштението од Министерството.

Слични содржини