Њукасл ги продолжува преговорите за англиски репрезентативец

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Њукасл ги продолжува преговорите за англискиот репрезентативец Марк Геи. Според некои англиски медиуми, „страчките“ се блиску до негов потпис.

Кристал Палас ја одби првата понуда за централниот бек, но двата клуба се уште се во преговори.

Дефанзивецот кој одигра многу силно Европско првенство, се цени на околу 60 милиони фунти. Се очекува Њукасл да достави нова понуда во наредните денови.

Личните услови на играчот нема да бидат проблем, тврди „Скај Спортс“. „Страчките“ се единствениот клуб со официјална понуда за Геи, иако има и други со интерес.

Слични содржини