ХУЛИЈАН АЛВАРЕЗ (24) е се поблиску до трансфер од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид. Шпанците треба да им платат на Англичаните 75 милиони евра за услугите на аргентинскиот напаѓач, кој јавно го изрази своето незадоволство што не е првотимец на тимот на Пеп Гвардиола.
Фабрицио Романо пишува дека ова предизвикува домино ефект. Имено, ова ќе му овозможи на Атлетико да се ослободи од напаѓачот Саму Омородион (20), кој ќе премине во Челси за 40 милиони евра. Покрај тоа, Атлетико за 40 милиони евра ќе го доведе англискиот играч за врска Конор Галагер (24) од Челси. Сите три трансфери треба да бидат потврдени наскоро.
Омородион е еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа. Минатата сезона играше како позајмен во Алавес. Таму постигна девет гола на 35 натпревари. Галагер е дете на Челси и англиски репрезентативец, а минатата сезона во неколку наврати беше капитен на тимот. Алварез е најголемата ѕвезда во оваа приказна и светски шампион со Аргентина.
Според Трансфермаркт, тој вреди 90 милиони евра.