47
Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од милион евра, кој бил скриен во контејнер за банани, соопшти денеска Крајбрежната стража. Околу 35 килограми кокаин биле запленети во Пирејското пристаниште, а пратката била од Еквадор.
Грчките власти во мај соопштија дека разбиле меѓународна криминална група која тргувала со кокаин, пренесувајќи го во контејнери од Латинска Америка во Европа. Неколку дена подоцна, запленети беа повеќе од 109 килограми кокаин скриени во контејнер со замрзнати лигњи на брод во пристаништето Пиреја.