Брајтон е уште еден клуб кој го сака ветеранот Хумелс

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Брајтон сериозно размислува за привлекување на искусниот централен бек Матс Хумелс. 35-годишниот Германец е слободен играч по разделбата со Борусија (Дортмунд) на крајот од минатата сезона. Според Флоријан Плетенберг од „Скај Спортс Германија“, новиот менаџер на „галебите“ Фабијан Хурцелер имал телефонски разговор со Хумелс.

За Германецот е заинтересиран и Вест Хем, кој летово веќе ги одби понудите на Болоња, Ајакс, Бенфика, Монако, Баер Леверкузен и два клуба од Саудиска Арабија.

Според информациите, Хумелс се уште нема донесено конечна одлука дали ќе продолжи во друг клуб или ќе ја заврши кариерата.

Слични содржини