ВЛЕН: Интерпелацијата за Гаши е анти-НАТО експеримент

од Nikola Popovski
88 прегледи

Координирано се создава јавна хистерија, а подоцна помпезно се бара политичка одговорност, велат од ВЛЕН за инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи и барањето на неколку опозициски партии за смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Од коалицијата посочуваат дека ЛЕВИЦА е подносител на интерпелацијата за Гаши, СДСМ ја поддржува, а ДУИ бара алиби отворено да влезе во оваа група и од улогата на тивок поддржувач да премине во политички координатор.

Според ВЛЕН, интерпелацијата е анти-НАТО експеримент.

-Која е целта? Целта секако не е да се заштитат дипломатските односи со Косово или Охридскиот договор. Целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? Да се ​​тестира владиното мнозинство и да се види дали опозицијата може да најде заеднички интерес да дејствуваат заедно, стои во соопштението на коалицијата.

Оттаму додаваат дека пратениците на ВЛЕН се подготвени да ја бранат честа на албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и вредностите на ЕУ.

-Главната дилема е дали ДУИ толку се плаши од она што доаѓа, што е подготвена дури да се координира со ЛЕВИЦА само за да не се зборува за криминалот на нејзините поранешни функционери. Доаѓа времето за вистината, децидни се од ВЛЕН.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчера поднесе интерпелација за отповикување на претседателот на Собранието, по, како што рече тој – седум основи. Последно во низата е скандалот со неговото лично обезбедување на скопскиот аеродром. Партиите со ставови и за поднесената интерпелација. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на собранискиот спикер, велат одговорноста е лоцирана.

Опозициската СДСМ бара целосно расчистување на случајот, и одговорност за извршителот. Порачуваат премиерот Мицкоски да не го штити собранискиот спикер Гаши, како и дека ќе му дадат поддршка на премиерот ако одлучи да го разреши.

Кабинетот на косовската претседателка Османи, со став дека ситуацијата со инцидентот на скопскиот аеродром може лесно да се надмине ако постои политичка волја.

Слични содржини