📹Фанови загрижени по снимка од тренинг на Тајсон: „Нема шанси да го победи Пол“

од Vladimir Zorba
48 прегледи

На 20 јули на стадионот на Далас каубојс требаше да се одржи боксерски натпревар помеѓу легендарниот Мајк Тајсон (58) и јутјуберот и инфлуенсер Џејк Пол (27), но беше одложен поради здравствени проблеми на „Железниот Мајк“. Во меѓувреме е одреден нов датум и двајцата ќе влезат во рингот на 15 ноември.

Последниот професионален натпревар Тајсон (50-6-2) го имаше во 2005 година, а во 2020 година се врати со егзибициска борба против уште една некогашна легенда, Рој Џонс Јуниор. Пол се занимава со бокс од 2018 година и оттогаш има постигнато десет победи (седум со нокаут), најмногу против други познати личности и ММА борци, со еден пораз од Томи Фјури, полубратот на до неодамна светскиот шампион Тајсон Фјури.

Борбата меѓу Тајсон и Пол беше прогласена за професионална, иако Мајк немал сериозен меч повеќе од една деценија. Загриженоста на фановите за состојбата на поранешниот голем боксер се зголеми откако беше објавен клип од подготовките на Тајсон.

Тајсон до неодамна работеше исклучиво на фитнес, но според видеото јасно се гледа дека почнал и со бокс. Сепак, некои фанови сметаат дека тој е бавен и далеку од совршена форма за мечот со Пол. Три месеци пред натпреварот, еден навивач напиша „Џек ќе го нокаутира“, додека друг додаде „Ова е крајот за него. Нема шанси Мајк Тајсон да го победи Џејк Пол“.

Слични содржини