Возач од струмичко превезувал патници без лиценца

од Nikola Popovski
26 прегледи

Денеска (07.08.2024) во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С. од с.Босилово, струмичко, а сопственост на Н.Т..

Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.

За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, од чија страна на возачот му и издаден записник за извршен инспекциски надзор, одземена е сообраќајната дозвола, издадено е решение за исклучување од сообраќај и издаден е прекршочен платен налог.

Слични содржини