Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека „специјалната воена операција треба да добие отворено екстериторијален карактер“ и „меѓу другото да го вклучи и заземањето на Киев“, коментирајќи го нападот на украинските вооружени сили во областа Курск во кои беа повредени 31 лице, меѓу кои и шест деца.
„Ова повеќе не е само операција за враќање на руските официјални територии и казнување на нацистите“, напишал Медведев на Телеграм и додал дека „можно и неопходно е да се оди“ кон „Одеса, Харков, Днепропетровск, Николаев, Киев и понатаму“.
Според него, не треба да има ограничувања во смисла на одредени признати граници на „украинскиот Рајх“, и дека сега за тоа може и треба да се разговара отворено, без срам и дипломатска наклоност.