Николова: ВМРО-ДПМНЕ постави министерка која смета дека e важно децата само да разбираат странски јазик, а не да учат граматика, заменки и именки

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Тажно е што ВМРО-ДПМНЕ постави министерка за образование, која внимавајте, смета дека било важно децата само да разбираат странски јазик, а не да учат граматика, заменки и именки, обвини пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на денешната прес-конференција.

Николова исто така ја обвини Јаневска дека потврдила дека статусот на просветните работници за партијата на власт не е важен.

-Потврди дека примањата и платите на образовните работници нема да се покачуваат како што тоа беше во времето на СДСМ. Ако биде се добро со растот на економијата, тие може да се надеваат на покачување дури во март. Ова се политиките кои го уништија образованието и го срозја достоинството на наставниците, а сега ДПМНЕ ги враќа на голема врата, рече Николова на прес-конференцијата.

Новата министерка за образование вчера соопшти дека има учебници за сите одделенија, освен учебници за странски јазици. Сепак, за неа ова не е воопшто загрижувачко бидејќи, како што вели, децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.

-Учебници за странски јазици ќе има догодина и нема да има печатен, значи хартиен материјал за јазиците на заедниците, кои ќе бидат објавени на веб-страницата на Бирото за образование, а бидејќи станува збор за јазик, наставниците користејќи ги тие материјали, ќе можат да им предаваат на учениците. Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик – именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа, кажа Јаневска.

Слични содржини