Новата ѕвезда на Милан – Алваро Мората изрази задоволство од неговиот трансфер на „Сан Сиро“. Денеска Шпанецот и официјално беше претставен пред медиумите во Италија.
„Благодарам на сите што ми помогнаа да стигнам овде. Имав неколку можности да се вратам во Италија во последните години, но откако ми се јави Златан и разговарав со директорите и тренерот, не размислував за ништо друго“, изјави Мората.
„Милан беше клубот кој најмногу ме посакуваше и се трудеше. Веќе на Европското првенство се чувствував како играч на Милан. Ако еден ден ми се јави Ибра и ми каже дека не ми оди, нема да имам проблем со тоа. Имав слушнато дека Милан е Милан. Откако дојдов овде, сè беше неверојатно. Тешко е да се најде клуб со таква организација. Едвај чекам да излезам на теренот. Не можам да ветам титули, но ветувам дека ќе трчам како куче. Сакам да бидам лидер и да ги натерам и другите да го дадат максимумот од себе“, изјави Алваро Мората.