Иран ќе „сноси одговорност“ за каков било напад врз Израел „што би довело до ескалација на тензиите во регионот“ и што би ја загрозило можноста за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Појасот Газа, се вели во заедничката изјава на Велика Британија и Франција и Германија.
Британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц го повикаа Иран „и неговите сателити“ да се воздржат од напади, додавајќи дека се согласуваат со земјите посредници, т.е. САД, Египет и Катар, дека не смее да има повеќе одложувања во преговорите меѓу Хамас и Израел, пренесува Политико.
Претходно порталот Аксиос објави дека израелските безбедносни служби веруваат дека напад од Иран врз таа земја може да се случи во наредните денови.