На кој му е гајле за Барселона? Вилијамс се пофали со „десетката“ во Билбао

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Иако веднаш по Европското имаше флерт помеѓу Барселона и Нико Вилијамс, шпанскиот претставник останува во Атлетик Билбао каде доби посебна чест.

„Горд сум што ја добив „десетката“ од Муниаин, за да испишам историја како што направи тој“, изјави Вилијамс.

Икер Муниаин го напушти Атлетик ова лето по 15 сезони во клубот во кој порасна. За тоа време постигна 76 гола на 560 натпревари.

Дете на баскискиот великан е и Нико Вилијамс, кој има договор до 2027. Во сениорскиот тим постигна 20 гола на 122 натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини