Американски тим со понуда за Варди

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Американскиот фудбалски тим Шарлот ФК се обиде да ја ангажира легендата на Лестер – Џејми Варди. Тоа го потврди и тренерот на тимот, Дин Смит, кој долги години работеше во Англија.

„Ми треба искусен напаѓач. Му пишав да дојде да игра за мене во САД, но знаев дека ќе биде тешко откако Лестер се врати во Премиер лигата. Варди е исклучително лојален. Ми се допаѓа колку е ентузијаст. Не тренира толку, ја нема истата брзина и издржливост, но сепак е на ниво. Се надевам дека ќе ја разгледа мојата понуда. Можам да му понудам поголема минутажа“, изјави тренерот за BBC SPORT.

37-годишниот Варди е во изборот на „лисиците“ од 2012 година. Има 464 натпревари и 190 голови во сите натпреварувања. Тој ја освои титулата во Премиер лигата, Комјунити Шилд и Купот на фудбалската асоцијација.

Тој во неколку наврати изјави дека нема да го напушти Лестер бидејќи тоа е единствениот тим кој го прифати и му даде шанса во почетната фаза од кариерата. Варди го направи своето деби во професионалниот фудбал на нетипична возраст од 24 години.

Слични содржини