МП: По повеќе од деценија завршува процесот на кодификација на граѓанското законодавство

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Mинистерството за правда соопштија дека пристапиле кон завршување на процесот на изготвувањето на кодификацијата на граѓанското законодавство.

„По повеќе од деценија, а водејќи исклучително сложен и обемен процес Министерството за правда во оваа завршна фаза ќе спроведе постапка за водење на стручни јавни расправи за Граѓанскиот законик со цел да се презентира концептот, но и да се слушнат коментари и идеи кои би придонеле за подобрување на истиот“, велат од МП.

Граѓанскиот законик претставува целина од пет сегменти на современи и харамонизирани решенија во повеќе области, кои ќе дадат значителен придонес кон обезбедување на пристапот до правда и правната сигурност на граѓаните, додаваат оттаму.

Слични содржини