Вест Хем се посилен пред почетокот на Премиер лигата

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Англискиот фудбалер Арон Ван Бисака пристигна во Вест Хем од Манчестер Јунајтед, соопшти клубот од Лондон.

Ван Бисака (26) потпиша седумгодишен договор со Вест Хем, тој доаѓа во клубот од Манчестер Јунајтед за кој одигра 190 натпревари.

– Среќен сум што сум тука, благодарен сум за топлото добредојде и возбуден сум што ќе играм за клубот и ќе го дадам максимумот од себе. Едвај чекам да се сретнам со моите соиграчи“, изјави Ван Бисака за клупската веб-страница.

Англискиот фудбалер кариерата ја започна во Кристал Палас од кој во 2019 година се пресели во Манчестер за 55 милиони евра. Тој е седмото засилување на Вест Хем во летниот преоден рок.

Слични содржини