СДСМ: Александар Николоски е новиот Чак Норис

од Илинка Илиоска
71 прегледи

„Александар Николоски е уште еден политичар кој е новиот Чак Норис во владата на Мицкоски. За време на изборнат камапња Александар Николоски жестоко критикуваше дека патот Градско-Дреново не е до никаде, за денес да објави фотографија дека е речиси готов“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија потсетуваат дека кога СДСМ објави видео од речиси завршениот пат, а министерот Бочварски и претседателот Филипче се возеа по делницата, Николоски објави слики од разрушени карпи како доказ дека СДСМ лаже.

„Сега Николоски со практично идентични снимки од СДСМ се фали дека го завршил патот,“ стои во соопштението на СДСМ.

СДСМ истакнува дека проектот е целосно резултат на нивната работа и дека Николоски може единствено да се слика кога патот ќе биде пуштен во употреба, додавајќи дека ваквото однесување на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ наликува на сцена од комедија.

Слични содржини