Таткото на младата ѕвезда на Барселона, ЛаминеЈамал – Мунир Насрауи (38) го даде своето прво интервју од болницата каде заврши откако беше нападнат и избоден неколку пати. Пред нападот тој бил вклучен во тепачка на улица. Полицијата уапсила четворица напаѓачи.
„Бев помеѓу животот и смртта, бев исплашен како што би се исплашил секој друг. Морам да бидам смирен заради сите, заради себе и заради моето семејство. Немам избор. Мораме да веруваме дека правдата ќе си ја заврши работата. Благодарен сум што можам да зборувам, се чувствувам малку подобро, отстранет сум од одделението за интензивна нега“, изјави тој, цитиран од шпанските медиуми.
Таткото на Јамал ќе остане во болница уште неколку дена. За потсетување, Мунир е од Мароко, а мајката на Јамал е од Екваторијална Гвинеја. Ламин Јамал (19), кој игра за Шпанија, носи копачки со знамиња на африканските земји и истакнува дека е горд на своето потекло.
Јамал моментално е еден од најдобрите фудбалери во светот и вреди 120 милиони евра според „Трансфермаркт“. За шпанската репрезентација има 14 настапи и три гола.