🎥Објавен трејлерот за новиот филм на Деми Мур, фанови пишуваат: „Изгледа премногу добро“

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Стриминг сервисот MUBI објави трејлер за познатиот филм The Substance, во кој главните улоги ги толкуваат Деми Мур, Маргарет Квали и Денис Квејд. Филмот беше премиерно прикажан на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, каде што ја освои публиката.

The Substance е научно-фантастичен хорор филм на режисерката и сценарист Корали Фаргит. Приказната ја следи телевизиската ѕвезда и инструктор по аеробик, Елизабет Спаркл (Мур), која е отпуштена на нејзиниот педесетти роденден бидејќи нејзиниот шеф (Квеид) мисли дека е премногу стара.

Кога се враќа дома, мистериозна лабораторија ѝ испраќа на Елизабет пакет што содржи хемикалија наречена „супстанција“, која може да ја трансформира во помлада и поубава верзија на себе (Куали). Но – има замка. За да може хемикалијата да работи, мора да има рамнотежа, што значи дека помладите и постарите верзии на Елизабет треба да се менуваат секоја недела.

Хоророт The Substance моментално има рејтинг од 90 проценти на Rotten Tomatoes, а најмногу пофалби добија Мур и Квали. Некои критичари дури тврдат дека улогата на Елизабет Спаркл е една од најкомплексните улоги во кариерата на Деми Мур.

Корисниците на различни социјални мрежи се воодушевени од трејлерот за филмот и едвај ја чекаат неговата премиера во кината.

„Леле, ова изгледа неверојатно“, напиша еден фан.

„Трејлерот изгледа неверојатно. Ми се допаѓа монтажата и боите што ги користеле, навистина одличен концепт и Мур е совршена за оваа улога“, додаде друг.

„Ова е дефинитивно еден од најочекуваните филмови на годината. Ќе бидам многу тажен ако го нема во мојот град“, додаде трет.

„Едвај чекам да се врати Деми Мур! Овој филм изгледа премногу добро“, напиша четвртиот.

Хоророт The Substance ќе се прикажува во одбрани кина од 20 септември годинава.

Слични содржини