11
Хвича Кварацхелија се договори со Наполи, ќе потпише нов договор до 2029 година. Грузискиот репрезентативец ќе добие значително зголемување на платата добивајќи 6.000.000 евра годишно.
Во јуни 2022 година, Кварацхелија пристигна во Наполи од Динамо Батуми за 13.000.000 евра. Со новиот договор зема три пати поголема плата. Крилниот напаѓач беше еден од клучните играчи на Наполи во текот на шампионската сезона.
Кварацхелија досега за Наполи одигра 89 натпревари и постигна 25 гола, со 26 асистенции.