СДСМ: Дали на Инфективна клиника не се примаат пациенти со Ковид на кои им е потребна респираторна поддршка

од Milan1
56 прегледи

Според инфомрациите кои стигаат до СДСМ, во моментов одделот за интезивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со Ковид на кои им е потребна респираторна поддршка, прашуваат од СДСМ.

– Според извештај до кој дојде СДСМ, директорот Фадил Цана информирал до Мој Термин дека не работи интензивната нега. Прашуваме дали ова значи дека ако има потреба од респиратор за било кој пациент, истиот нема каде да биде примен? Дали можеби пациенти со ваква здравствена состојба се примаат на Карил? Доколку е тоа случај, тогаш се ставаат пациентите на Карил во огромен ризик.

Што прави во моментот Министерството за здравство по ова прашање и дали е точно дека има пациенти кои се вратени, а имале потреба од респираторна поддршка? Очекуваме одговори во најкус рок. Доволно е само еден пациент да не е примен а е во тешка состојба со Ковид и може да донесе жртви од оваа болест, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини