Појавата на нови знаци секогаш создава конфузија кај возачите. Ова се случува и со кружните текови на некои сообраќајници. Овој знак доаѓа од Австрија, а тоа е знак кој во оваа земја се користи од 2019 година и кој дава добри резултати.
Управителот на австриски патишта – КФВ, наведува дека на патиштата каде што почнал да се применува овој знак, бројот на сообраќајни несреќи на мотоциклисти е намален за 80%.
Знакот е серија кругови нацртани со рефлектирачка, нелизгава бела боја, според „ХАК“. Тие се наменети да ги предупредат мотоциклистите дека има тесен радиус во свиокот во обележани кривини, односно дека кривината нагло се затвора. Исто така, целта е да им се помогне на мотоциклистите при сечење кривини да не преминуваат на спротивната лента на опасни места. Круговите дополнително предупредуваат дека се приближуваат кон средината на патот. Знаците се лоцирани во области каде што се случиле голем број несреќи.
Добрите резултати што ги дава оваа мерка наведоа многу други земји како Швајцарија, Германија, Луксембург, Италија, Шпанија или Австралија да размислат за овој тип на сигнализација.