Сопствениците на Манчестер Сити му одредиле рок на Пеп Гвардиола во кој Шпанецот мора да ја соопшти својата дефинитивна одлука дали ќе го напушти клубот или ќе остане на стадионот „Етихад“. Според Sky Sports, ова би требало да се случи пред Божиќ.
Шпанецот влезе во последната година од договорот со клубот и на крајот од минатата сезона Гвардиола (53) призна дека е поблиску до заминување отколку до тоа да остане.
Секако, клубот е подготвен да му понуди нов договор на стручњакот, но доколку тоа не се случи, раководството сака да има доволно време да го најде неговиот најсоодветен наследник.
Последните недели во Англија се поупорно се лансира тезата дека Гвардиола би можел да стане следниот постојан тренер на „трите лава“.