29
Француската фудбалска ѕвезда, Килијан Мбапе бара 55 милиони евра од својот поранешен клуб Пари Сен Жермен, објави весникот „Монд“.
Во извештајот се вели дека сумата се однесува на неисплатените месечни плати за април, мај и јуни, последната третина од бонус исплата за последното продолжување на договорот на Мбапе и „етички бонус“.
Мбапе играше во ПСЖ седум години, но го напушти клубот пред околу два месеци и се приклучи на Реал Мадрид. Шест пати ја освои Лига 1 и четири пати Купот на Франција, но не успеа да триумфира во Лигата на шампионите, една од најголемите цели на ПСЖ.
Мбапе веќе стапил во контакт со правната комисија на асоцијацијата на француската лига и управното тело на европскиот фудбал УЕФА за ова прашање.