Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, верува дека годините се само бројка и дека планира да ги малтретира дефанзивците во Премиер лигата до 40-тите години. Ветеранот му донесе бод на Лестер со израмнувачки гол на мечот против Тотенхем за 1:1,.
Напаѓачот на „Лисиците“ наполни 38 години во јануари, но не покажува знаци на стареење. Постигна гол со глава во почетокот на вториот дел, па дури и пропушти шанса да го постигне победничкиот гол.
Тој е вториот најстар стрелец во првото коло во Премиер лигата само зад Теди Шерингем, кој постигна гол за Вест Хем против Блекбурн на 39-годишна возраст во 2006 година.
„Годините се само бројка“, изјави Варди, кој летото потпиша нов едногодишен договор.
„Се додека продолжам да се грижам за себе и додека моите нозе се уште се чувствуваат добро пред тренинзите и натпреварите, тогаш ќе продолжам што е можно подолго физички. Не би рекол дека правам ништо поинаку. Се уште се обидувам да ги направам истите спринтови, но најважно е да се грижам за себе на најдобар можен начин, имам сè што ми треба дома“, рече Варди.
Варди инсталирал комора за криотерапија во својот дом – практика на користење на ниски температури за да се промовира побрзо закрепнување.
„Ќе ги правам масажите, ќе правам криотерапија во базенот, ќе се истегнам и потоа ќе одам дома. Потоа кога ќе се вратам дома, криотерапија, сауна и еден час во комората за кислород“, додаде Варди, цитиран од „Дејли мејл“.