Слободан Ивановски е нов в.д. директор на Финансиска полиција

од Milan1
174 прегледи

Владата денеска донесе одлука за нови кадровски решенија. Така за нов директор на Управата за финансиска полиција го именува Слободан Ивановски, додека Џеват Селами е назначен за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Во однос на кадровските решенија Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок и му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а за член на Надзорниот одбор да го избере Бојан Николовски.

На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски. Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП – Регионална дирекција Прилеп.

Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување“, стои во соопштението на Владата.

 

Слични содржини