Моди: За време на мојата посета на Киев ќе разменам мислења за мирно решение на конфликтот

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска изјави дека ќе размени мислења за мирно решение на конфликтот во Украина за време на неговата посета на Киев кон крајот на оваа недела.

Моди денеска отпатува за Полска, а во петок ќе го посети Киев, што е прва посета на индиски премиер на Украина од воспоставувањето дипломатски односи пред 30 години, пренесува Ројтерс.

„Како пријател и партнер, се надеваме на брзо враќање на мирот и стабилноста во регионот“, рече Моди пред заминувањето.

Слични содржини