ДУИ: Скандалозно, ВРЕДИ ги нарекува албанските администратори мувлосани

од Илинка Илиоска
161 прегледи

ДУИ реагира на секојдневните навреди од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ВЛЕН кон Албанците во институциите. Во своето соопштение, Демократската унија за интеграција изразува шок и негодување поради навредите, при што албанските административци биле нарекувани „мувла“ и „мувлосани“.

ДУИ потсетува дека претходно Арбен Таравари, исто така, го омаловажувал албанското население, нарекувајќи ги „носачи на бурек“ на Македонците. Партијата ги осудува овие изјави и го критикува ВМРО-ДПМНЕ за постојаното понижување на Албанците, вклучувајќи го и негирањето на албанското знаме, химната, јазикот, како и потценувањето на Охридскиот договор и борбата на ОВК.

ДУИ смета дека ваквите изјави се резултат на немањето легитимитет и кредибилитет на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според партијата, ги понижуваат Албанците во институциите само за да ја задржат власта и да се збогатат на сметка на народот.

Слични содржини