92
ВМРО-ДПМНЕ побара институциите да отворат постапка за истрага и разрешување на судијата Пајазит Пајазити, поради сомневања дека тој ја извалкал својата функција во врска со случајот на Блерим Рамадани.
Во соопштението владеачката партија прашува дали Рамадани бил на Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ, и дали ДУИ се ангажира за него поради приватни бизнис интереси.
ВМРО-ДПМНЕ поставува прашања и за улогата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прашувајќи дали тој му дал налог на Пајазити да овозможи бегство на Рамадани поради личен интерес. Партијата инсистира на брза истрага и разрешување на судијата Пајазити за, како што наведуваат, да се врати интегритетот на судството.