Деко: Го сакаме Нико Вилијамс, но тој нема да дојде

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Спортскиот директор на Барселона, Деко призна дека искрено се надевал дека трансферот на Нико Вилијамс кај Каталонците навистина ќе се оствари.

Репрезентативецот на Шпанија летово беше во преговори со „Блауграна“, но во последните денови имаше многу индикации дека договорот меѓу Атлетик (Билбао) и Барселона нема да биде постигнат.

Иако неколку шпански медиуми објавија дека Деко повторно се сретнал со Вилијамс во вторникот, спортскиот директор излезе со официјална изјава: „Го сакаме, но нема да дојде“, беше кусиот одговор на Деко.

Барселона веќе ги насочи напорите кон играчот на Јувентус, Федерико Киеза, со тоа што неговото привлекување од финансиска гледна точка е многу пореална за Каталонците.

Слични содржини