Атлетико Мадрид и официјално го објави трансферот на Галагер од Челси

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Атлетико Мадрид официјално го објави трансферот на англискиот интернационалец од редовите на Челси, Конор Галагер. Тој потпиша договор со клубот од шпанската престолнина на пет години.

Галагер (24) станува четвртото засилување на Атлетико ова лето, по шпанскиот репрезентативен дефанзивец Робин Ле Норман, норвешкиот голгетер Александар Сорлот и аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез.

Конор Галагер почна да игра за Челси на 8-годишна возраст, а минатата сезона стана капитен на тимот под водство на Аргентинецот Маурисио Покетино.

Трансферот на играчот е вреден 42 милиони евра, според шпанскиот печат.

Пред да се наметне во Челси, Галагер играше како позајмен за неколку англиски тимови, вклучувајќи ги Чарлтон, Свонси и Вест Бромвич Албион. Тој имаше одлична сезона за Кристал Палас во 2021-22 година, што му донесе место во националниот тим за Светското првенство во Катар 2022. Играчот од средниот ред има 18 натпревари за репрезентацијата на Англија, со која стана европски вицешампион летово во Германија.

На Галагер му беше дозволено да тренира со Атлетико уште пред да го потпише својот официјален договор.

Слични содржини