43
Милан се обидува да продаде двајца играчи за да обезбеди средства за потписот на Ману Коне. Играчот од средниот ред на Борусија (Менхенгладбах) е главната трансфер цел на „росонерите“ до затворање на летниот прозорец.
Шефовите на италијанските гиганти се надеваат дека наскоро ќе се разделат со Исмаел Бенасер и Јасин Адли. За Бенасер, на чело со Ал-Кадсија, се заинтересирани неколку клубови од Саудиска Арабија кои преговараат и со Пауло Дибала. Адли е пред трансфер во Катар.
Ману Коне може да се земе за околу 20 милиони евра. 23-годишниот Французин го бара и Рома, но Милан е во предност бидејќи играчот од средниот ред соработува со агентот Мајк Мењан.
Минатата сезона Коне учествуваше на 22 натпревари во Бундеслигата и постигна 1 гол.