Бројот на смртни случаи поради горештините во Европа би можел да се зголеми тројно до крајот на векот, а најмногу жртви ќе има во јужноевропските земји како Италија, Грција и Шпанија, се наведува во студијата објавена во списанието „Lancet Public Health“.
Иако студот е посмртоносен од екстремната топлина, научниците изјавија дека ако глобалното затоплување достигне три или четири степени, односно ако планетата се загрее за три или четири степени, зголемувањето на смртните случаи од топлина значително ќе ги надмине смртните случаи предизвикани од студ, пишува „Гардијан“.
„Многу повеќе смртни случаи поврзани со топлината се очекуваат како што климата се загрева и населението старее, додека бројот на смртни случаи поврзани со студ малку се намалува“, рече коавторот на студијата Дејвид Гарсија-Леон од Истражувачкиот центар на Европската комисија.