ЗНАМ: СДСМ се навикнати секој да им прави што сака, само да си ги остваруваат бизнис интересите

од Milan1
39 прегледи

Епохално неспособната СДСМ во чиј мандат му го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции на државата нема право да го коментира делувањето на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија и нашите јавни реакции кон владиниот коалиционен партнер Вреди, велат од ЗНАМ.

– Ниту новото раководство на СДСМ не е политички созреано да го разбере принципиелниот пристап на Движењето ЗНАМ во смисла на почитување на имплементацијата на заедничката владина програма, како и Уставот и законите на Македонија, реагираат од Движењето ЗНАМ.

СДСМ се навикнати, по принципот на давање помал отпор, секој да им прави што сака во нивниот двор, само за да можат да си ги остваруваат сопствените бизнис интереси на нивната врхушка предводена од центарот во Муртино.

Е, тоа кај Движењето ЗНАМ-За наша Македонија не поминува.

При преговорите со ВМРО ДПМНЕ за наше учество во владата ги дефиниравме принципите за функционирање на владата и ние конзистентно се држиме до тоа.

Движењето ЗНАМ-За наша Македонија секогаш јавно ќе реагира доколку има нарушување на овие принципи.

На нелегитимно поставениот Претседател на СДСМ и директор на фондацијата Заев му препорачуваме повеќе време да инвестира во обновата на неговата партија со нарачка на соодветна инфузија, затоа што партијата се наоѓа во прединфарктна состојба, отколку да се грижи и да ги коментира политиките на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија, се вели во соопштението на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија.

Слични содржини