ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува на било кој начин да го заштити судијата Пајазит Пајазити

од Илинка Илиоска
17 прегледи

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ велат презентирајќи наоди за случајот со Блерим Рамадани во јавноста и тоа ни повеќе ни помалку туку во прашална форма, СДСМ покажува дека лажат и дека ловат во „матно“, но и дека на овој начин тие се обидуваат на било кој начин да го заштитат судијата Пајазит Пајазити, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму овој судија е причина за случајот со Рамадани. Овој судија наместо да одреди ефективен притвор за Рамадани, тој одреди домашен притвор. Да изречеше ефективен притвор Рамадани ќе беше во КПУ Скопје или затвор познат како Шутка. Оттука Пајазит Пајазити е судија кој е одговорен за бегството на Рамадани“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека опозициската партија сака да прикрие скандал за кои единствено виновни се токму тие или поточно сакаат да сокријат дека приведените за убиството кај „Мавровка“ избегале од затвор во времето кога СДСМ и ДУИ биле на власт.

„Пораката сега е јасна, институциите постапуваат навремено, а одговорност ќе има за секој кој го прекршил законот“,

реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини