Кавадаречката фабрика НИКОМ изгоре до темел

од Илинка Илиоска
58 прегледи

Фабриката „Ником“ во Кавадарци изгоре во пожар заедно со огромна механизација и машини иако на терен реагираа противпожарните единици од Кавадарци, заедно со екипи од „Комуналец“, Шумското стопанство „Бор“, и екипи од Велес и Неготино.

Пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но противпожарна екипа од Кавадарци останала на терен да ја следи состојбата.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информираше на Фејсбук дека во интервенцијата учествувале 30 пожарникари. Засега нема информации за причините за пожарот.

Фабриката „Ником“, основана во 1993 година, произведува дрвена амбалажа и пелети и располага со ладилник за складирање земјоделски производи.

Слични содржини