Наполи е заинтересиран да го доведе играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектомини и е подготвен да плати 25.000.000 евра за Шкотланѓанецот.
Од доаѓањето на Антонио Конте за тренер, „наполитанците“ се во потрага по играч од средниот ред.
Се споменуваше Марко Брешани, потоа Џерди Шаутен, во игра беше и Били Гилмур, а на крајот опција стана Мектомини. И тоа многу сериозна.
Наполи испрати понуда на „Олд Трафорд“. Се очекува одговор од Јунајтед кој наводно би сакал 10.000,00 повеќе отколку што нудат Италијанците. Можеби двата клуба ќе се сретнат некаде на средина…
Инаку, 29-годишниот Мектомини е дете на Јунајтед. Во клубот е од 2002 година и нема настапувано за ниту еден друг клуб. Во сениорскиот тим дебитираше во 2017 година, а досега има одиграно 254 натпревари.