Тен Хаг по поразот: Не очекува сериозен разговор

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед загубија на гостувањето кај Брајтон со 2:1 во второто коло од новата сезона во Премиер лигата, а нивниот менаџер Ерик Тен Хаг не го криеше незадоволството од поразот.

Холанѓанецот смета дека имало позитивни работи во првиот натпревар оваа сезона, но и дека головите што ги примиле биле нешто што требало да се избегнат.

„Разочаран сум бидејќи требаше да биде барем нерешено, да не речам дека требаше да го добиеме овој натпревар. На крајот се покажа дека не освоивме ниту еден бод од овој натпревар, што е разочарувачки“, изјави Тен Хаг по мечот за клупската телевизија.

Менаџерот на Јунајтед беше особено изнервиран од начинот на кој неговиот тим примаше голови.

„Разочарувачки е како реагираме кога имаме долг посед на топка. Денеска примивме два гола, кои можеа да се избегнат. Тоа е моето чувство, примаме голови во ситуации кога не изгледаме како кохезивен тим. Мора да го подобриме тоа, мора сериозно да разговараме за тоа, да научиме како да бидеме координирани во такви моменти и секој да разбере што е неговата работа. Неопходно е сите да работиме еден за друг“, изјави Тен Хаг.

Слични содржини