15
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп, оцени дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, особено кандидатката на демократите Камала Харис, ја води Америка кон Третата светска војна.
„Кој преговара за нас на Блискиот Исток? Бомбите паѓаат насекаде. Заспаниот Џо (Бајден) спие на плажа во Калифорнија, прогонет од демократите, а неговата пријателка Камала (Харис) оди на турнеја со автобус со Тампон Тим (потпретседател Кандидатот Тим Волц), нејзиниот навистина лош избор за потпретседател. Ајде да не се случи Трета светска војна, бидејќи натаму одиме“, напиша Трамп на мрежата „Икс“.
Изјавите на Трамп доаѓаат во време на ескалација на Блискиот Исток.