Наполи ја прифати понудата на Ал Ахли, но не и Осимен

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Се ближи крајот на преодниот рок и Наполи не може да го направи најважното, да го продаде Виктор Осимен. Се чини дека спасот дојде од Саудиска Арабија, но Нигериецот не сака да оди таму.

Јасно е дека Наполи нема да може да извлече ниту 100 милиони евра, а камоли сумата од клаузулата од 130 милиони евра. Сепак, понудата на Ал Ахли од 65 милиони евра беше доволна да го убеди Наполи да го прифати овој трансфер.

Но не и Осимен. Што е сосема логично бидејќи Нигериецот се уште се гледа себеси во врвниот фудбал. И тој не ја прифати оваа понуда.

Јасно е дека Осимен чека понуда од Пари Сен Жермен, Арсенал или Челси. Тоа што не е расположен за евентуална позајмица ги отежнува работите уште повеќе.

Наполи сега е во проблем, бидејќи веќе е доведен Ромелу Лукаку, а Антонио Конте не сака да има многу работа со незадоволен играч. Иако ниту Ди Лоренцо ниту Квица Кварашелија немаа преголема желба да останат, тие се тука и играат натпревари. А токму тие двајца го турнаа Наполи до првата победа во Серија „А“ над Болоња.

Слични содржини