Ленгле се пресели во Атлетико Мадрид

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Централниот дефанзивец Клемент Ленгле сега и официјално е играч на Атлетико Мадрид откако и се приклучи на Барселона на позајмица до крајот на сезоната, објавија од клубот од шпанската престолнина.

Атлетико ќе и плати на Барселона 3 милиони евра за правата на францускиот дефанзивец, а четвртиот милион ќе биде префрлен на каталонскиот клуб како бонус по исполнување на одредени услови наведени во договорот меѓу двете страни. Сепак, Барса ќе продолжи да плаќа голем дел од платата на играчот, според весникот Марка.

Ленгле станува вториот централен бек кој ќе го ангажира Атлетико Мадрид во текот на летото, по шпанскиот репрезентативец со француско потекло Робин Ле Норман, кој дојде од Реал Сосиедад.

Минатата сезона Ленгле одигра 25 натпревари за Астон Вила, каде што беше позајмен од Барселона. Играше и за Тотенхем во Премиер лигата. Ленгле го носеше и дресот на Севиља во Ла Лига.

Клемент Ленгле има 15 настапи за репрезентацијата на Франција со која ја освои Лигата на нации во 2021 година, а сега целта му е да се врати во селекцијата на Дадие Дешан.

Слични содржини