Додека Португалија се уште чека потврда за тоа дали Кристијано Роналдо ќе биде повикан за претстојните натпревари на националниот тим во Лигата на нации (а тоа сигурно ќе го направи), тој одлучи да ги разјасни своите планови за во иднина.
Легендарниот фудбалер, еден од најдобрите на сите времиња, јасно одговори на гореспоменатите прашања и индиректно рече дека неговото пензионирање ќе биде вистинска мистерија.
-Кога ќе одлучам да се повлечам од репрезентацијата, тоа ќе биде тајна. Никој нема да знае кога тоа ќе се случи – вели Роналдо.
Во меѓувреме Роналдо му пркоси на времето во Саудиска Арабија. И дали размислува за тренерска кариера?
– Никогаш не сум размислувал за таа опција. Се гледам себеси во други улоги, надвор од фудбалот, но само Господ знае што носи иднината – изјави ЦР7.
Кристијано зборуваше и за одење во пензија и каде би можел да ја заврши својата играчка кариера.
– Не сум сигурен дали тоа ќе биде наскоро или за неколку години, но најверојатно кариерата ќе ја завршам во Ал Наср. Овде се чувствувам одлично и уживам да играм во Саудиска Арабија – открива Роналдо.
Вака или онака, и понатаму ќе уживаме во магијата на Кристијано Роналдо. И треба!