СЕ ОБИДЕЛ ДА ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИЈАТА: Пијан возач направил штета поголема од 300.000 евра

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Бегајќи од полицијата, која се обидела да го запре при рутинска контрола, пијан 28-годишен возач на Мерцедес удрил во неколку паркирани возила во понеделникот вечерта во Драјих-Шпрендлинген, во областа Офенбах на Мајна, и оштетил ѕид на куќа на која имало светлосна кутија.

Полицајците сакале да проверат сомнителен возач кој ноќе возел со голема брзина во Драјих. Но, 28-годишниот маж го игнорирал сигналот на сообраќајната полиција и побегнал со голема брзина, се вели во извештајот на полицијата.

Во бегството тој „поткачил“ неколку заштитни столбови и удрил во три паркирани автомобили. Додека се обидувал да се врати на улица преку пешачката патека, удрил во куќен столб на кој имало светлосна кутија, оставајќи неколку семејства без струја.

Бидејќи автомобилот на возачот бил тешко оштетен, возачот се обидел да побегне од полицијата. Сепак, успеале да го стигнат и да го уапсат на блиската бензинска пумпа.

При разговорот, полицајците откриле дека возачот бил во алкохолизирана состојба. Алкотестот покажал 1,69 промили алкохол во крвта. Покрај тоа, возачот немал ниту возачка дозвола, ниту дозвола за престој.

Со него во неговото возило имало уште три лица кои, исто како и возачот, останале неповредени. Пијаниот возач заврши во притвор.

Во полицискиот извештај не е наведено ниту името, ниту националноста или државјанството на пијаниот возач кој побегнал и направил материјална штета поголема од 300.000 евра, пишува „Феникс магазин“.

Слични содржини