Приведен маж од Велешта поради предизвикување пожар

од Vladimir Zorba
24 прегледи

На локалниот пат село Велешта кон село Октиси вчера во 17.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга, го лишиле од слобода М.В.(38) од село Велешта, струшко поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар.

Од МВР денеска соопштија дека од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини