Кидман за секс сцените во новиот филм: „Не сакам повеќе да го правам ова“

од Vladimir Zorba
119 прегледи

На овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, премиерно ќе биде прикажан еротскиот трилер Babygirl, со оскаровката Никол Кидман во главната улога. Иако веќе глумела во филмови со интимни сцени, се чини дека снимањето на секс сцените во овој филм и било особено тешко.

„Снимав филмови кои се прилично откривачки, но ниту еден ваков“, изјави таа за Vanity Fair, објаснувајќи дека снимањето на тие сцени траело доста долго.

„Никогаш не можев целосно да се опоравам од тоа. Бев нервозна. Во еден момент помислив дека не сакам веќе никој да ме допира. Не сакав повеќе да го правам тоа, но бев принудена да продолжам“, таа рече.

Кидман ги опиша секс сцените како нешто што секој го прави приватно, но токму овој елемент на прикривање бил проблематичен за неа.

„Се чувствував многу изложена, како актерка, како жена и како човек“, рече таа.

Да потсетиме, Венецијанскиот филмски фестивал, еден од најпрестижните фестивали во светот на филмот, беше отворен синоќа и трае до 7 септември. Во Венеција се собраа бројни актерски ѕвезди, а на големото платно ќе бидат прикажани некои од најочекуваните филмови за оваа година.

Филмот кој го отвори фестивалот е Beetlejuice Beetlejuice во режија на Тим Бартон и беше еден од најочекуваните наслови на овогодинешниот фестивал.

Слични содржини