Кидман ја загуби мајка си на само неколку часа пред да ја прими наградата во Венеција: „Скршена сум од болката“

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Никол Кидман откри дека нејзината сакана мајка починала само неколку часа пред да ја добие наградата за најдобра актерка за улогата во „Babygirl“ на филмскиот фестивал во Венеција, кој заврши во саботата.

– Денеска пристигнав во Венеција, за кратко потоа да дознаам дека мојата прекрасна, храбра мајка, Џенел Ен Кидман, штотуку починала, на 83-годишна возраст. Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа, таа ме обликуваше, ме водеше и ме научи многу. Неизмерно сум благодарна што можам да го кажам нејзиното име на сите вас, судирот на животот и уметноста е срцепарателен, а моето срце е скршено – рекла Никол, пренесе „Дејли мејл“.

Во интервју за подкастот „Fresh Air“ во јануари 2022 година, Никол накратко зборуваше за здравствените проблеми на нејзината мајка.

– Мајка ми ме научи за уметност, таа е смирувачки мелем. Јас сум на место каде што имам можност да го видам светот, бидејќи сме блиски, мајка ми ми дава можност да го видам светот низ очите на 81-годишна жена. Свесна е, не ги изгубила когнитивните способности и меморијата, многу е директна и искрена, па имам увид во нејзината перспектива. Учам од неа многу, изјавила Никол.

Слични содржини